Прескокни до содржината
Закажи бесплатен разговор075 795 625 · Viber

Помалку рачна работа. Помалку грешки. Повеќе време за она што е важно.

Ги преземаме повторливите задачи во Вашиот бизнис: онлајн закажување термини, залиха, цели процеси и приватен AI асистент.

Најчесто работиме со:

Езеро во утринска магла, со шумовит брег и планини во позадина

Пример

Нов терминПотврдено

Марија Илиева · Сервис

Петок, 09:30 · од веб-страната

НарачкаЧека одобрување
  • Хартиени ролни 57 mm40 пак.
  • Средство за чистење, 5 L6 кан.
Под минимумотОдобри

Еден партнер за целата работа. Почнете со едно, додадете кога ќе треба.

  • Системи за управување со клиенти и ресурси

    Термини · Залиха

    Клиентите сами закажуваат термини онлајн, досиејата се на едно место, а залихата Ве предупредува пред да снема.

  • Автоматизација на процеси

    Канцеларија · Продажба

    Цели текови на работа, не поединечни задачи. Од барањето за понуда до завршената работа, секој чекор оди сам, во алатките што веќе ги користите.

  • Интеграција на AI во деловните процеси

    Пораки · Тим

    Ги чита пораките и документите, ги подредува, подготвува одговори и резимеа. Вие само прегледувате и одлучувате.

  • Веб-страна и SEO

    Нови клиенти

    Кога бараат услуга или продукт, Ве наоѓаат: на Google, на мапи и во AI пребарувањето. Страната гради доверба уште пред првиот повик.

Пример · Стоматолошка ординација

Една задача, од почеток до крај. Ниту една понуда не се заборава.

  1. Чекор 1

    Планот е издаден

    Имплант и круна, во три посети.

  2. Чекор 2

    Стигнува до клиентот

    Јасен план и цена, по е-пошта или порака.

  3. Чекор 3

    Нема одговор

    По пет дена оди љубезен потсетник.

  4. Чекор 4

    Клиентот закажува

    Првата посета, онлајн, без повик.

  5. Чекор 5

    Вие гледате сè

    Кои планови се прифатени, а кои чекаат.

Пред

Планот за лекување се дава на хартија. Клиентот вели дека ќе размисли и повеќе не се јавува. Никој не стигнува да го побара.

Потоа

Секоја понуда се следи. Клиентот добива потсетник во вистинско време, а Вие гледате кој уште чека.

Како работи. Три јасни чекори.

  1. Бесплатен разговор

    Ни кажувате каде одат времето и парите. Околу 30 минути, во живо или преку видео.

  2. Анализа и поставување

    Ја разгледуваме Вашата работа, добивате пишана понуда, па го поставуваме системот, ги внесуваме податоците и го обучуваме тимот на лице место.

  3. Месечна грижа

    Системот го водиме и подобруваме секој месец. Имате едно лице што одговара, на телефон и Viber.

Вашите податоци остануваат Ваши. И кога работи AI.

  • Шифрирани податоци

    Податоците се шифрирани при чување и при пренос.

  • Евиденција на пристап

    Се гледа кој, кога и што отворил.

  • Резервни копии

    Секојдневни копии. Ако заминете, ги носите сите податоци со Вас.

  • Приватен AI

    Работи само со документите што ќе ги изберете. AI услугите не учат од Вашите податоци.

За нас

Зошто постоиме.

Многу бизниси секој ден губат време и пари на повторливи задачи во кои лесно се греши. Притоа го губат прегледот над тоа што се случува, па одлуките се носат на брзина, без целата слика. Сопственикот често сам ја врши таа работа, наместо да го води и развива бизнисот.

Нашата мисија е тоа да го смениме. Таа работа ја преземаме ние, за Вие да се посветите на важното во бизнисот и со леснотија да имате контрола врз сè.

— Никола Недески, основач

  • Јасна понуда

    Пред да почнеме, знаете што добивате и колку чини.

  • Едно лице за сè

    Го познава Вашиот бизнис и Ви одговара директно.

  • Постојано подобрување

    Секој месец системот го дотеруваме според Вашата работа.

Често прашувате.

Друго прашање? Пишете ни на Viber или на е‑пошта.

Колку чини?

По бесплатниот разговор добивате пишана понуда, приспособена на обемот на Вашата работа. Цената зависи од тоа што ќе поставиме, и ја знаете пред да почнеме.

Колку трае поставувањето?

Зависи од обемот. Анализата трае неколку дена, а изработката на системот неколку недели. Потоа, за неколку дена ги внесуваме податоците и го обучуваме тимот на лице место. Точниот рок е наведен во понудата.

Дали мора да ги сменам алатките што ги користам?

Не мора. Алатките што Ви работат добро ги задржуваме, а нов систем воведуваме само таму каде што навистина ќе Ви заштеди време.

Што се случува со нашите податоци кога користите AI?

Асистентот работи само со документите што ќе ги изберете. Користиме деловни услуги од провајдери чии услови забрануваат учење од Вашите податоци, а податоците се чуваат во ЕУ.

Може ли да заминам и да ги задржам податоците?

Да. Податоците се Ваши. Ако заминете, ги добивате сите, во формат што може да се отвори и во друг систем.

Работите ли со стоматолошки ординации и клиники?

Да. Системот го прилагодуваме на стоматолошки, естетски и други приватни клиники: онлајн закажување термини, планови за лекување и потсетници. Повеќе на страницата за клиники

Колку часови неделно губи Вашиот бизнис? Дознајте во еден разговор.

Закажи бесплатен разговор

Околу 30 минути · бесплатно